Collapsible content
Како можам да станам член на клубот?
За да бидеш член на Бук Нук доволно е да бидеш во тек со нашите месечни избори и настани, дали преку нашата веб-страница или преку нашиот Инстаграм профил!
Доколку сакаш најважните информации да ги добиваш во твоето е-маил сандаче, може да се претплатиш на нашиот бесплатен билтен тука.
Дали членството е бесплатно или има котизација?
Членството е бесплатно, но за секоја дискусија или настан/работилница се купуваат влезници. Така го покриваме просторот, пијалокот и организацијата на настаните, а ти добиваш целосно книжевно искуство.
Купив карта, но не можам да присуствувам. Што сега?
Картите купени за дискусии организирани од Бук Нук не се рефундираат. Но, нивната валидност може да се префрли на наредната дискусија.
Пример: не си во можност да присуствуваш на Дискусија бр.10, ни пишуваш порака дека нема да присуствуваш најдоцна 24 часа пред закажаниот термин, и ние ти го потврдуваме префрлањето на валидноста на картата за Дискусија бр.11.
Валидноста се префрла само на наредната дискусија. Доколку не сте во можност да присуствувате ни на таа, тогаш картата ја губи својата валидност.
Картите купени за работилници не се рефундираат и не се префрлаат бидејќи секоја работилница варира во својата цена зависно од материјалите потребни за реализирање на истата.
Како се избира „Книга на месецот“?
Доколку сакаш да учествуваш во бирањето на книгата на месецот, треба да бидеш дел од нашите Ватсап или Дискорд групи, или пак да си претплатен на нашиот е-маил билтен.
Тука, најпрво добиваш информации за темата за наредниот месец и соодветно подготвуваш твој предлог. Предлогот го споделуваш на дискусијата на тековната книга на месецот. Право на предлог имаат само членовите кои физички се присутни на дискусиите.
Следно, откако се собрани сите предлози, добиваш линк за гласање меѓу најсоодветните 3 до 4 предлози, и книгата со најмногу гласови е изгласана за нашата Книга на месецот!
Дали морам да учествувам секој месец?
Не! Членството е флексибилно, доаѓај само кога навистина ќе ти се погоди книгата која ја читаме или работилницата која ја организираме.
Како се одвиваат дискусиите – онлајн, во живо или комбинирано?
Нашите дискусии се одвиваат во живо, со кафе и слатка дружба. Истите се претежно во Скопје, но работиме на тоа да се прошириме и во другите градови низ Македонија!
Дали морам да завршам книга за да дојдам на дискусија?
Не е задолжително! Важна е желбата да се споделат мисли и впечатоци, но спреми се да слушнеш спојлери...
Каде можам да го видам распоредот на настани?
Сите настани се објавуваат на нашата веб-страница и на социјалните мрежи.
Што се читателски предизвици и како можам да се приклучам?
Како можам да соработувам со Бук Нук како бизнис или организација?
Пополни ја контакт формата наведена во менито на нашата веб страница, и ние ќе ви одговориме во наредните 1-3 работни денови!