Да се запознаеме поубаво. Јас сум Елена, а ова е Бук Нук.
Бук Нук го започнав во август 2024-та, откако целото тоа лето го поминав талкајќи меѓу книги, во бегство од сопствената реалност. Во еден момент сфатив дека ми недостига да разговарам за тоа што го читам, макар и со една друга личност. Рандом, без голем план, објавив Инстаграм стори: „Сака ли некој да биде во клубот со мене?“ И, како што велат, останатото е веќе позната приказна.
Денес, клубот брои над 500 членови кои се дружат на нашите канали. Нека не те плашат бројките! Со раширени раце те пречекуваме, без разлика дали правиш партал на твојот Гудридс предизвик со над 120 книги годишно, или пак само сакаш повторно да ја стекнеш навиката да читаш за задоволство.
Разгледај ги активностите во кои може да ни се придружиш подолу!
Книга на месецот
Во Бук Нук секој месец нè чека ново книжевно патување. Членовите гласаат, а книгата што ќе го освои срцето на клубот станува нашата Книга на месецот.
Читателски предизвици
Нашите читателски предизвици се игра со времето и страниците. Понекогаш тоа се интензивни 48-часовни авантури, а понекогаш долги книжевни маратони што траат со месеци.
Креативно катче
Креативното катче е место каде љубовта кон книгите се претвора во создавање. Нашите работилници се надополнување на читателското искуство преку креативни изрази.
Повеќе од читање
Дружењето е исто толку важно колку и читањето. Преку нашите настани, како и во заедничките Ватсап и Дискорд групи, членовите имаат прилика да запознаат нови луѓе и да споделуваат мислења.
Сакаш да учествуваш?
-
Чекор 1:
Биди во тек со нашите тековни месечни избори на наслови, или пак нашите предизвици или работилници.
-
Чекор 2:
Картите за секој настан се објавуваат на нашата веб страница 1-2 недели пред најавениот датум. Земи си карта со време бидејќи се во ограничена количина.
-
Чекор 3:
Непосредно пред датумот на настанот добиваш е-маил со сите дополнителни информации во врска со настанот, и може да нѝ поставиш прашања за се што те интересира.
-
Чекор 4:
Времето и местото ги знаеш (а понекогаш имаме и дрес код!). Сè што останува е да се појавиш и да ја започнеме забавата со добра книга и уште подобро друштво!
Читај прв, дознај прв
Примај ги најновите вести за месечните избори, настани и новини од Бук Нук директно во твоето електронско поштенско сандаче.